dustra
dustra

Космос Груп е компанија специјализирана за проектирање, изведба и одржување на фотонапонски електроцентрали. Обезбедуваме комплетни соларни решенија по принципот „клуч на рака“, прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент и проект.

Нашиот тим покрива целосен инженеринг процес – од идејно решение и проектирање, преку изведба и инсталација, до мониторинг, оптимизација и одржување на системите. Со фокус на квалитет, безбедност и ефикасност, гарантираме долгорочна и стабилна работа на секоја фотонапонска електроцентрала што ја реализираме.

Работиме со опрема од реномирани светски производители и применуваме современи технолошки решенија согласно европските стандарди и добри инженерски практики. Нашата цел е да испорачаме високо-ефикасни и одржливи енергетски системи кои придонесуваат кон зелена иднина и енергетска независност

Мисија

Нашата мисија е да ја забрзаме транзицијата кон обновливи извори на енергија преку испорака на сигурни, ефикасни и економски исплатливи фотоволтаични решенија. Се стремиме да создаваме вредност за нашите клиенти, партнерите и за пошироката заедница преку одржлива енергетска инфраструктура.

Визија

Нашата визија е да бидеме регионален лидер во развој и имплементација на фотоволтаични системи, препознаени по квалитет, иновации и доверба. Сакаме да придонесеме кон свет каде чистата енергија е примарен извор на електрична енергија и стандард за идните генерации.